Gazi Baba Municipality Day
Дел од учениците од петто одделение, заедно со своите наставнички денес присуствуваа на празничниот настан во дворот на општина Гази Баба, каде имаше ученици - претставници од сите основни училишта од нашата општина. На овој свечен настан тие ја проследија изведбата на химната на Република Македонија, која го означи почетокот на свечената церемонија на подигање на знамето на општина Гази Баба, знамето на нашата татковина - Република Македонија, како и знамето на Европската Унија. По завршувањето на свечената церемонија, сите присутни ученици за спомен од овој настан добија симболичен подарок, а исто така и нашите ученици возвратија со симболичен подарок за градоначалникот - рачни изработки од наши ученици. |