Ден на безбеден Интернет 2017
На 07.02.2017 година насекаде низ светот се одбележа Денот на безбеден Интернет, а оваа година одбележувањето е под мотото “Be the Change - Unite for a Better Internet” / „Промената си ти - заедно за подобар Интернет“. Како и претходните години, така и оваа, нашето училиште учествуваше во активностите предвидени за овој ден. Пред учениците од IV и V одд. беше презентирано и се дискутираше за моќта на фотографиите, кои учениците ги поставуваат на социјалните мрежи или на Интернет. Учениците од VI одд. го прифатија предизвикот Kahoot и се натпреваруваа меѓусебно, поделени во групи. Како победници на крајот беа Филип Мартиновски, Александар Димковски и Ива Кипева. Потоа им беше прикажана презентација „Моќта на фотографијата“. За учениците од VII одд. беше спроведен QR Reader предизвик, кој предизвика голем интерес и натпревар меѓу нив. |