Светски ден на бубрезите 2017

На 01.03.2017 година, по повод Светскиот ден на бубрегот, учениците од III одделение беа дел од едукативната активност „Со здрави навики до здрави бубрези“, како дел од проектот „Децата и бубрежните болести“, во организација на здружението Нефрон. Учениците разговараа со презентерите, поставуваа прашања, ја согледаа огромната важност на редовното пиење вода за целиот организам и, за крај, добија интересни и корисни подароци.