Донација 2017

Црвениот крст на Република Македонија денес официјално прими донација од Црвениот крст на Германија во вид на опрема за шест училишта од скопскиот регион, кои беа погодени од поплавите минатата година, меѓу кои и нашето училиште. Донацијата се состои од лаптоп, LCD-проектор и платно за проектирање.