Симулациона вежба 2017
Вто, 04/4/2017
На 04.04.2017 година, во нашето училиште беше одржана симулациона вежба - евакуација при катастрофи (земјотрес, пожар). Во активноста, изведена под водство на стручни лица од Црвен Крст, беа вклучени сите вработени во училиштето (наставници, стручна служба и технички персонал), заедно со учениците од I-IX одделение. Оваа вежба е една од низата предвидени активности со програмата на Црвен Крст за работа со основните училишта во град Скопје. |