Саем на книгата 2017

На 10.04.2017 година, членовите на библиотекарската секција ја посетија манифестацијата Саем на книгата, заедно со библиотекарот Вера Стојаноска и предметниот наставник Валентина Николовска. Учениците ги разгледаа штандовите на издавачите на омилените наслови на книги и имаа можност да изберат од најновата продукција на белетристика, едукативна, како и друга популарна литература.