Садница плус 2017 - 1
На 08.05.2017 година, успешно се спроведе акцијата „Садница плус“, како дел од акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Учениците од I–IX одделение, под менторство на своите класни раководители и предметниот наставник по биологија, во саксии садеа семиња од ела, кои ќе ги следат и негуваат се додека не израснат во садница. Посаденото семе учениците ќе го чуваат во училниците, за да можат да го следат никнувањето и растењето на елата. Целта на акцијата „Садница плус“ е кај учениците да се поттикне и развие индивидуалната одговорност за грижата за дрвцата, да научат како да се сака и да се живее во содејство со природата. Истовремено, со реализацијата на оваа акција, се подигнува свеста кај младите генерации за чување на чистата животна средина. |