Ден на безбеден Интернет 2018
На 06.02.2018, училиштата насекаде низ светот го одбележaа Денот за безбеден интернет (Safer Internet Day), а оваа година одбележувањето беше под мотото “Create, connect and share respect: A better internet starts with you”. Како и претходните години, така и оваа, нашето училиште учествуваше во активностите предвидени за овој ден. Годинава, учениците подготвија корисни совети за користење на интернетот. Учениците од V одделение ја проследија презентацијата за развивање добра дигитална добросостојба и креираа сложувалки со пораки за подобро користење на интернет. За учениците од другите одделенија беа подготвени презентации и активности преку кои се поттикнуваат свесноста и одговорноста за користење на интернетот. Дел од активностите беше и работилницата со родителите. Учениците подготвија теми кои се интересни за нив, за кои потоа развија дискусија со родителите. Реализираните активности се објавени на блогот за Недела на информатиката↗ Настанот се реализира под менторство на предметниот наставник по информатика, Благородна Сотиров. |