Хумористичен час 2017

На 11.11.2017 година, учениците од прво до петто одделение ја проследија претставата за деца „Хумористичен час“, исполнета со многу музика, забава и игра. Водителот Војче Китановски и неговите кукли беа дел од овој несекојдневен час, заедно со сите ученици, кои одлично се забавуваа и радуваа.