Училишта од 21-от век 2018

Во периодот од 10-16.01.2018 година беа организирани обуки за Критичко размислување и изнаоѓање решенија на проблеми, Дигитални вештини и Микро:бит компјутери. 
Нашето училиште беше вклучено во оваа програма, насловена „Училишта од 21-от век“, организирана од Британски совет, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. 
На обуката присуствуваа предметните наставници од природната група науки: Благородна Сотиров (информатика), Маја Цекова (биологија / хемија) и Габриела Јорданов и Јасмина Јездиќ (математика / физика). 
Во програмата „Училишта од 21-от век“ се вклучени 10 училишта од државата, меѓу кои е и нашето. Притоа, секое училиште кое учествува добива 30 микро:бит компјутери, кои учениците ќе ги користат во ИКТ-училниците на часовите по информатика и при изучувањето други предмети.