Посета на Европската комисија во Брисел 2018
Во периодот од 21-24.03.2018 година, директорот на училиштето, м-р Ана Петровска, реализираше посета на Европската комисија, запознавање со нејзината работа и дел од нејзините оддели (UNITs) на различните програми, преку кои со повици за аплицирање се информираше како иден корисник на средства. Со самото присуство за влез, нашето училиште е во дата-базата на ЕК, за кое е направено проверка при процесот на одобрување, а со тоа и циркулирање во интранет на ЕК апликантите. Нашето присуство беше оценето како сериозен пристап кон ЕУ програмите, ЕУ вредностите и интересот за раст и развој на Европскиот пазар. Со презентација на училиштето и општина Гази Баба, се испрати информационен е-пакет за училиштето и општината до мрежите и контактите на консултантски куќи и лоби групи во Брисел кои имаат свои клиенти и апликанти што веќе добиле грантови. Посетата ќе донесе нови партнери за ЕУ проекти кои веќе подготвуваат конзорциуми на кои ќе се аплицира и за наш влез во истите, со што во континуитет ќе се подобрува воспитно-образовниот процес и воопшто работата на училиштето. |