Истражување, промоција и враќање на заедничките вредности 2018

На 05.04.2018 година, по повод најголемиот христијански празник Велигден, во рамките на програмата на ЦИВИКА МОБИЛИТАС (Civica Mobilitas), проект кој е поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, спроведуван од страна на МЦМС, преку Здруженија на граѓани во Македонија, на предлог на хуманитарната организација Ел Хилал, во централното училиште во Стајковци се реализира дел од акцијата „Истражување, промоција и враќање на заедничките вредности“, односно активноста „Заедничко славење празници“, каде гости беа претседателот на организацијата, г-дин Бехиџудин Шехапи, проф. д-р Љупчо Ристевски - професор по етнологија и антропологија при УКИМ, членови на организацијата, директорот на нашето училиште, вработени и ученици од ООУ „25 Мај" од Сингелиќ.

Целта на оваа активност беше враќање на традицијата за заедничко славење празници како значаен индикатор за зачувување на заедништвото и почитување на разликите на етникумите, како и отворање нови можности за заедничко делување во афирмирањето на мултикултурата како значајна перспектива за општествениот развој.