Училишна квизотека 2018
Чет, 12/4/2018
На 12.04.2018 година, во просториите на ДКЦ „Карпош“ - Скопје се одржа „Ученичка квизотека“. На натпреварот учествуваше и нашето училиште, ООУ Кирил и Методиј - Стајковци, кое се претстави со свои натпреварувачи - Елена Панчева, Деспина Стојановска и Мартин Стефановски, под водство на менторот Маја Цекова. Натпреварувачите освоија второ место и обезбедија учество во финале. |