По врвиците на песната Смирна во предградието 2018

На 04.06.2018 година, во ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци се одржа работилница со ученици од седмо и осмо одделение, реализирана од страна на вокалната група Смирна, во рамки на проектот „По врвиците на песната Смирна во предградието“. 

Работилницата која се состоеше од два дела: теоретски дел каде што учениците се запознаа како се формира вокална група (хор) кој ќе ја негува музиката и ќе ја пее, како се води проба, како се бираат песни и практичен дел пеење.

Дел од гостите беа Виолета Томовска и Ристана Рина Николова.