Хумористичен прв училишен час 2018

По повод почетокот на новата учебна година, во нашето училиште се организираше заеднички прв училишен час со учениците од второ до петто одделение, заедно со детскиот хуморист и аниматор Војче Китановски во училишниот двор. Учениците ја започнаа новата учебна година со музика, игра и смеа.