Работилница „Арт-музико терапија“ 2018

На 28.09.2018 година, дел од наставниците од нашето училиште присуствуваа на едукативна работилница во организација на Младинскиот културен центар, насловена: 

„Процес на инклузија на деца со посебни потреби во редовната училишна програма со употреба на арт-музико терапија“

Целта на оваа работилница беше наставниците, преку употреба на музика, сликање, танцување и слични активности, да делуваат на мултисензорното активирање кај децата со посебни образовни потреби, за тие да можат полесно и поефективно да ја следат наставата, заедно со своите соученици.