"Градиме мостови, чекориме напред" - активности за Детска недела 2018

По повод Детската недела, во нашето училиште беа реализирани разни активности под мотото "Градиме мостови, чекориме напред".

Денес, како завршен настан на Детската недела, во централното и подрачното училиште се одржа приредба за првачињата, подготвена од нивните соученици, како и доделување беџови за свечен прием на првачињата во Детската организација и давање свечена заклетва од нивна страна дека ќе ги исполнуваат своите училишни обврски и ќе развиваат меѓусебна почит и разбирање.