Награда "Зелено знаме" - Еко-училиште 2018

На овогодинешниот конкурс за наградување од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, нашето училиште се здоби со статус „Еко-училиште“ и ја освои највисоката награда - Зелено знаме. 

Со овој статус истовремено стануваме членови и во интернационалната мрежа на еко-училишта и градинки.

Честитки за наставникот-координатор Елена Антонова, за сите наставници, ученици, вработени и родители кои неуморно и посветено работеа за да се достигне ова ниво!