Интернационален натпревар "Дабар" 2018

Дабар е интернационален предизвик со натпреварувачки карактер, наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со прво одделение), кој има цел да ја промовира информатиката и сродните науки. 

Натпреварот се организира во повеќе држави и е еден од најпопуларните ширум светот. Како и претходните, така и оваа година на 13.11.2018, нашето училиште учествуваше на натпреварот во кој се натпреваруваа ученици од III до IX одделение.