"Нашиот дневник од Стара чаршија" (завршна активност) 2018
Пон, 17/12/2018
На 17.12.2018 година, во просториите на ООУ "Кирил и Методиј" - Стајковци се одржа завршна активност "Нашиот дневник од Стара чаршија", како дел од проектот МИО, при што беше промовирана брошурата под истиот наслов, печатена со средства доделени од МОН. Во активноста учествуваа вкупно 48 ученици, во избалансирани мешани групи од централното и подрачното училиште. Промоцијата беше проследена од родителите, соучениците, наставниците од СИТ-тимот (училишен интеграциски тим) и директорката Виолета Поповска. |