Литературна средба и творечка работилница 2018
Чет, 20/12/2018
На 20.12.2018, во нашето училиште се одржа литературна средба и творечка работилница со учениците од одделенска настава од II-V одделение - членови на рецитаторската, драмската и библиотекарската секција, во друштво на писателите Ванчо Полазаревски, Наум Попески и Ксенија Маказлиева-Трајчева, која е одговорен уредник во редакцијата Детска радост. Во подрачното училиште гостуваше писателката Нертила Питарка. Писателите се дружеа со учениците и разговораа за теми поврзани со нивниот творечки живот. Крајот од средбата се круниса со изведба на некои од најубавите ликови од бајките, во улога на учениците и неколку рецитали со нивни песни. |