Новогодишна претстава „Дедо Мраз кај Црвенкапа“ 2018

На 24.12.2018, учениците од одделенска настава ја проследија новогодишната претстава „Дедо Мраз кај Црвенкапа“, во која настапија:

- Ѓорѓи Тодоровски-Трупче (Дедо Мраз) 

- Елизабета Клинчаревска Младеновска (Црвенкапа) 

- Симон Манасковски (Волкот) 

- Викторија Анѓушева (Бабата) 

Претставата беше комична, интерактивна и едукативна, со многу новогодишни песни придружени со кореографија. Учениците уживаа во приказната за Црвенкапа и волкот, раскажана од еден поинаков агол.