Образовна програма „Училишта на 21-от век" 2019

На 12.03.2019 година, денот кога Интернетот го прослави својот 30-ти роденден, официјално започна најголемата образовната програма „Училишта на 21-от век".

Наставникот по информатика, Благородна Сотиров, учествуваше во панел-дискусија на тема „Успешни училишни практики од користење на клучните вештини за критичкото размислување и решавањето проблеми и употреба на микробит-компјутери во наставата".

Програмата е поддржана од Британски Совет, Министерство за образование и Министерство за информатичко општество и администрација.