Литературна средба со писателката Јадранка Клисарова 2019
На 17.04.2019 година, во нашето училиште гостуваше писателката Јадранка Клисарова. Во оваа прилика, учениците од трето одделение имаа можност да се запознаат со писателот како литературен творец, а и да научат дека тајните на оваа уметност се предизвик кој треба да се открие и доживее. Писателката им го престави на учениците начинот на кој таа твори литературни дела и од каде се инспирирани темите и мотивите на нејзиното творештво. Учениците ги примија со воодушевување пораките во расказите, кои најчесто произлегуваат од нејзиното искуство со учениците како одделенски наставник. Воспитно-образовната порака е и како учениците позадлабочено да размислуваат за секојдневните активности и редовно и континуирано да учат. Учениците со задоволство ги разменуваа своите усвоени впечатоци и знаења, конкретно од лектирата „Децата од моето училиште“ и поставуваа прашања во врска со сите раскази. На особено задоволство на писателката, учениците изведоа и драматизација според нејзин расказ. На крајот од средбата, учениците дополнително се интересираа за нејзиното литературно творештво, инспирација и работа како писател и беа задоволни од добиените одговори. |