Екскурзија за третоодделенците 2019

На 18.04.2019, учениците од III-1 и III-2 реализираа еднодневна научно-истражувачка екскурзија во тетовскиот крај, во чии рамки беа посетени Шарената џамија, Текето Баба Али Паша и Научниот музеј во Лешок. 
Дружењето се заокружи со посета на Лешочкиот манастир и уживање во природните убавини околу манастирот.