Училишен натпревар во спелување 2019

Во текот на учебната година, учениците од четврто одделение ја совладуваа вештината на спелување најразлични зборови - пократки, подолги, познати, непознати, како и зборови по свој избор. 

Завршната активност - училишен натпревар во спелување (School Spelling Bee) - беше реализирана на 16.05.2019 година, за која се пријавија вкупно 18 спелувачи од двете одделенија и беа постигнати следните резултати:

IV-1

Дамјан Таневски - I место

Мила Ангеловска - II место

Влатко Георгиевски - III место

IV-2

Александар Додевски - I место

Теофан Милковски - II место

Благојче Величковски - III место

Ментор: Емилија Наумовска

Сите учесници добија сертификати за учество, а учениците што ги освоија првите три места добија посебни сертификати, симболични медали и интересни книги на англиски јазик со разни граматички и комуникативни активности.