Забавно-едукативни игри во училишниот двор 2019
Пон, 20/5/2019
На 20.05.2019, во рамки на проектот МИО, се реализира креативна работилница - декорирање на училишниот двор со забавно-едукативни игри. Учениците од ликовната секција од ООУ "Кирил и Методиј" - Стајковци и подрачното училиште во Страчинци, под менторство на наставниците Ели Чочова, Берат Ајрула и дефектологот Лина Милошевска, го украсија малото игралиште. Проектот со цртање ќе продолжи и на патеката пред централното училиште, како и во дворот на подрачното училиште. |