Меѓународен ден на демократијата 2019
Нед, 15/9/2019
По повод 15-ти Септември, меѓународниот Ден на демократијата, во нашето училиште беше реализиран изборот на Ученичкиот парламент според процедурата за избор на одделенската заедница. Оваа активност беше реализирана според новиот концепт, со цел поголема партиципација на учениците во демократските процеси во училиштето и надвор од него, особено во делот на унапредувањето и почитувањето на детските права. |