Боење на оградата во училишниот двор 2019

Ученичките иницијативи се приоритет на нашето училиште, а демократската партиципација на учениците е нашата визија. Ја поддржавме иницијативата на Ученичкиот парламент за боење на оградата во училишниот двор. Ученичкото учество е предуслов за градење здрави личности и идни граѓани кои ќе бидат активни учесници во општеството. Благодарност и за претседателот на Училишниот одбор кој беше присутен на реализацијата на оваа прекрасна идеја.