Посета на училишната библиотека 2019
Пет, 27/9/2019
На 25.09.2019 година, учениците од вторите одделенија, заедно со одделенските раководители, ја посетија училишната библиотека и со училишниот библиотекар разговараа на теми поврзани за книгата: читањето и содржините и значењето на книгите. Учениците ги препознаа омилените ликови од приказните и сказните во книгите и сликовниците во библиотеката. Исто така, се запознаа и со правилата на училишната библиотека и со нејзиното користење. На крајот од средбата, инспирирани од новостекнатото знаење, учениците со возбуда си позајмија интересни книги за читање. |