Месец на книгата 2019
Сре, 16/10/2019
Во тек е одбележување на Месецот на книгата во периодот од 15.10.2019 до 15.11.2019 година. На 16.10.2019, учениците од четвртите одделенија и нивните одделенски раководители ја посетија училишната библиотека и се интересираа за теми поврзани со книгите, за првите почетоци на развојот на писмото и создавањето на првите библиотеки, како и за правилното користење и чување на книгите. Учениците со задоволство си одбраа и позајмија интересни книги за читање од изложбата посветена на детскиот писател Киро Донев. |