ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани родители,
Ве известуваме дека нашето училиште се вклучи во нов интернационален Еразмус + проект „ЕВРОПА ЗЕМА ЗДИВ“ во времетраење од две години (2019-2021).
За таа цел потребно беше да се изберат ученици од шесто, седмо и осмо одделение кои активно и посветено ќе учествуваат во планираните активности од Проектот.
Проектот опфаќа по едно патување од седум дена за секој ученик во некоја од земјите партнери (Грција, Крит ноември 2019, Шпанија - март 2020, Италија - март 2021 и Полска - мај 2021). Патните трошоци се покриени преку проектот, а учениците ќе престојуваат во семејствата на учениците, учесници во проектот. Воедно и нашите ученици ќе треба да обезбедат престој на учениците од другите земји во месец октомври 2020 година кога нашето училиште ќе биде домаќин и учениците од земјите партнери во проектот ќе престојуваат во семејствата на нашите ученици.
Комисијата за избор на ученици за размена одлучи да се направи избор на ученици за првите две мобилности за Крит и Шпанија, заради исполнување на критериумот за возраста на учениците (12-14 години). Со оглед на тоа што останатите две мобилности ќе се реализираат во 2021 година, за да им се даде можност на учениците кои се на помала возраст, за патувањето во Италија и Полска, Комисијата ќе направи избор во следниот период кога ќе има точно увид со колку финансиски средства располага и колкав е максималниот број на ученици кои можат да се вклучат.
Список на прворангираните ученици за првите две мобилности:
КРИТ ГРЦИЈА
1. Тео Стаменковски
2. Илина Христовска
3. Петар Спасовски
4. Матеја Груевска
ШПАНИЈА
5. Лука Бојковски
6. Ева Христова
7. Лука Трајковски
8. Јана Петровска
Првите четири ученика патуваат во ноември 2019 на Крит – Грција, а следните четири во март 2020 во Шпанија. Изборот на ученици е направен со анкетен лист според следните критериуми:
КРИТЕРИУМИ
1. Ученикот има солидно ниво на познавање на англискиот јазик за комуникација според возраста на ученикот.
2. Ученикот активно ќе учествува во активностите на проектот во период од две учебни години.
3. Ученикот е самостоен и може да престојува и да се прилагоди во семејство во друга земја.
4. Ученикот е иницијативен, инвентивен и креативен во реализација на проектните активности.
5. Ученикот е примерен, исполнителен и совесен и со своето однесување достојно ќе го претставува своето училиште и земја.
6. Нашето семејство може да понуди пристоен и пријатен престој и згрижување на ученик од друга земја во период од 7 дена.
Комисија: Биљана Арсова, Емилија Георгиевска, Марина Јаковиќ
Со почит,
директор: м-р Анита Ангеловска
|