Отворен ден за граѓанско образование 2019

Отворен ден за граѓанско образование и прв ден од Erasmus+ проектот „Млади претприемачи“

Денес (21.10.2019), во просториите на нашето училиште успешно се реализираше Отворениот ден за граѓанско образование, на кој се презентираа граѓанските компетенции на учениците стекнати преку разновидни ученички иницијативи и проектни активности.

На настанот присуствуваа претставници од БРО, МЦГО, општина Гази Баба, основни училишта, родители, надворешни соработници и гости од Шпанија, Полска и Португалија – партнери во Еразмус+ проектот „Млади претприемачи“.

Настанот беше отворен од страна на директорот на ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци, м-р Анита Ангеловска, со пригодни зборови и од нашиот Ученички парламент и од координаторите на проектите. На сите присутни свечено им се обрати и градоначалникот на општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски, кој истакна дека постојано ќе ги поддржува ученичките иницијативи и активности и во иднина.

Активностите кои беа презентирани за Отворениот ден ги подготвија учениците со своите наставници, а на приредбата се претставија и гостите од Еразмус+ проектот.