Презентирање на граѓанските вредности и компетенции 2019 - 2
Ден посветен на демократската клима во училиштето, ден за паметење во ООУ „Кирил и Методиј“, во кој ги презентиравме граѓанските вредности преку бројните ученички иницијативи, проекти и хуманитарни акции. Во присуство на нашите гости од Шпанија, Португалија и Полска, родители, наставници, но и претставници од Општината, БРО, МОН, МЦГО, невладиниот и бизнис-секторот, покажавме резултати од нашата работа, но и одлично се забавувавме. Покажавме дека учењето не се одвива само во училница и од книга и дека граѓанските компетенции на учениците се градат уште од мали нозе. Огромно задоволство е да се види како младите луѓе, полни со самодоверба, одговорно и свесно пристапуваат кон предизвиците кои ги носи граѓанското општество. Им благодариме на сите кои придонесоа да се чувствуваме вака гордо и достоинствено. |