Книгата - извор на мудрост 2019
Пон, 11/11/2019
По повод Месецот на книгата, на 11.11.2019 година во нашето училиште се одржа литературно читање лични творби на ученици на тема „Книгата - извор на мудрост“. На учениците со најуспешни творби им беа доделени книги и пофалници, а останатите учесници добија благодарници. На манифестацијата гостуваа писателките Ксенија Маказлиева и Вера Андон, како и Валдета Касапи, преведувач и уредник на списанија за деца. Во рамки на посетата беше изведена драмска работилница со учениците, како и презентација на детските списанија од првиот број до денес. Валдета Касапи ги поттикна учениците на интерактивен начин да размислуваат и дискутираат за повеќе литературни теми, при што тие читаа и коментираа за уметничките творби. |