Литературна средба 2019
Вто, 12/11/2019
Во рамки на одбележување на Месецот на книгата, на 12.11.2019 година членови на библиотекарската секција, предметниот наставник Марина Димоска и библиотекарот Вера Стојаноска присуствуваа на литературна средба со младите библиотекари и љубители на пишаниот збор од повеќе училишта, која се одржа во ООУ „Наум Наумовски - Борче“. На огромно задоволство на младите читатели учествуваа писателките Ана Бунтеска и Ксенија Маказлиева. Тие, како и секогаш, со своите творби ги мотивираа и воодушевија младите читатели преку промовирање на убавината на пишаниот збор. |