Обука за прва помош 2019

Општина Гази Баба, во соработка со невладината организација Link Across, организираше обука за наставници на тема Прва помош во педијатријата, со цел полесно укажување прва помош и грижа на децата од училишна возраст.
Обуката се одржа во Културниот дом во Автокоманда со времетраење од 4 часа.