Европа зема здив 2019 - 1

Проект Еразмус+: Европа зема здив / Erasmus+ Project: Europe Takes a Breath

18.11.2019

Крит прв ден...Европа во мало, собрани претставници од пет држави...Меѓу нив и знамето на нашата држава и умните главчиња од нашето училиште...Се обидуваме да најдеме решение на еден глобален проблем, кој не засега сите, без оглед на локацијата, нацијата, јазикот, културата, училиштето...Образовните системи различни, но предизвиците и потребите многу слични...Она што остава силен впечаток е срдечноста на домаќините и желбата да се излезе во пресрет на потребите на поединците, а сепак да се реализираат предвидените активности...Децата сместени во семејствата на нивните другарчиња веќе се како дома...Кога некоја дотогаш непозната мајка ќе ви каже дека до вчера имала две деца, а од денес три, ве остава без зборови...Сфаќате дека придобивката од размената не е само решавање на некој глобален проблем, туку ја открива смислата на постоењето и убавината на човекот во секоја смисла на зборот...А децата знаат подобро од возрасните да се адаптираат и да се вклопат во нова средина, само треба да им дадете шанса и да умеете да го извлечете најдоброто од нив...Големо браво за организаторите и огромна благодарност за родителите кои подготвија традиционална храна и музика, за да не угостат, но и да претстават дел од сопствената култура.