Европа зема здив 2019 - 6

Проект Еразмус+: Европа зема здив / Erasmus+ Project: Europe Takes a Breath

21.11.2019

Ден 4 - Крит: Посета на Аквариум...Фантастично доживување за целата група...Дружба со флората и фауната во Средоземното Море...Да се биде меѓу ајкули, медузи, ракови и други морски животни одвоени само со едно стакло, чувството е неверојатно...Не се опишува, треба да се доживее...Нашите млади истражувачи воодушевени од искуството да набљудуваат 3Д анимации во подводниот свет, микроскопски да истражуваат живи суштества за кои првпат слушаат и да постават прашања за сите дилеми и недоумици...Навистина ден за паметење.