Посета на ботаничка градина 2019

Согласно наставната програма по природни науки, учениците од III и IV одделение остварија посета на ботаничката градина при ПМФ. 

Преку разгледување на градината и запознавање со ендемични растенија, засадување семиња, играње игра Асоцијација и набљудување на составот на стеблата преку микроскоп, учениците се здобија со многу интересни информации и факти за ботаниката како наука.