Меѓународен семинар за дигитални компетенции 2019
Пет, 13/12/2019
„Дали ги подготвуваме денешните ученици за она што ги очекува во иднината?" - прашање на кое се дискутираше преку различни работилници за критичко мислење, безбеден интернет, влијанието на еТвининг за развој на ИКТ-компетенциите на учениците и наставниците, предизвиците на дигиталната училница... 140 наставници од 34 земји, меѓу кои и наставникот по француски јазик, Елена Блажевска, една од трите претставнички на нашата држава и амбасадор на нашето училиште, учествуваа на семинарот eTwinning PDW "Digital Competences & IT Didactics", кој се одржа во Виена (11-13.12.2019). |