Меѓународен ден на жената-научник 2020

Денес во Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда се реализираше настан по повод Меѓународниот ден на жените во науката.

На настанот присуствуваа наставниците Емилија Георгиевска и Маја Цекова и ученички кои освоиле награди од областа на природните науки (биологија, математика, физика и природни науки).

Настанот го отвори Градоначалникот на општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски, а присуствуваа и професорки по биологија и математика од Природно-математички факултет, кои го споделија својот животен пат, со какви предизвици се соочувале до постигнувањето на тоа што се денес, како и за еднаквоста и рамноправноста на жената во науката.

Професорките ги охрабрија девојчињата да го следат својот сон и никогаш да не се откажуваат од него.