Ученичкиот парламент продолжува со своите иницијативи 2020
Учениците се обратија до Директорот на училиштето, на чие барање беше веднаш одговорено: „Огромно е задоволството кога ќе почувствувате дека тимски сте успеале да ги насочите учениците која е патеката во реализација на нивните барања, права и потреби, особено кога ќе успеете да излезете во пресрет на барањата на Ученичкиот парламент. Тоа е вистинска ученичка иницијатива и највисоко ниво на младинско учество според Скалата на Роџер Харт. На задоволство на сите, најдовме привремено решение за ученичка кантина, затоа што просторот во училиштето нѝ е ограничен. Наша задача во иднина е заеднички да размислуваме како да обезбедиме можности за здрава исхрана на учениците." Директор, м-р Анита Ангеловска |