Црвен Крст во акција - промоција на хумани вредности 2020
Вто, 25/2/2020
Учениците од IX-2 одделение - Антонио Коцев, Марко Божиновски, Матеј Божиновски, Бојан Ѓеорѓиевски, Иван Спасовски, Матеј Петковски и Мартин Стојановски - поминаа три обуки со кои се подготвија за изработка на мали проекти. Тие се запознаа со дејностите на Црвениот Крст, неговата историја и начин на дејствување, добија информации за работа на терен, пронаоѓање таргет-групи со кои ќе работат во наредните два месеца и начинот на кои ќе можат да дадат свој придонес во општеството со изработка на проекти. Одговорен наставник: Маја Цекова |