ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ И РОДИТЕЛИ,
Нашето училиште е отворено секојдневно и организира ротациони дежурства според препораките на надлежните институции. Секојдневно се дезинфицираат просториите и училишниот двор.
Изготвивме и дигитална платформа за Е - УЧЕЊЕ на нашата веб-страница. Наставниците секојдневно во групите со родители и ученици испраќаат материјали, насоки и препораки за учење од дома.
ВЕ МОЛИМЕ тоа да не биде еднонасочно и колку да помине редот, затоа што и со нашето секојдневно дежурање и доаѓање на работните места, се изложуваме себеси и нашите семејства на ризик.
ПОЧИТУВАЈТЕ го нашиот труд во овие вонредни околности и реализирајте ги задачите за заеднички да ги исполниме целите од наставата и да постигнеме излезни резултати кои ќе ви помогнат да се вклопите во воспитно-образовниот процес и редовно да го продолжите школувањето кога опасноста ќе заврши.
ВИ БЛАГОДАРАМ ВО ИМЕ НА ЦЕЛИОТ КОЛЕКТИВ НА ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СТАЈКОВЦИ
Директор м-р Анита Ангеловска
|