Известување за училишен натпревар за најдобра првоаприлска маска

По повод 1-ви Април, во тек е избор за најдобра маска со учениците од VI до IX одделение, под менторство на наставникот по ликовно образование. 

Денес, интерно, во нашите групи, ќе одбираме најдобра маска од секое одделение. 

Потоа, осумте најдобри маски ќе бидат објавени на страницата на училиштето и ќе може јавно да се гласа со лајкови. 

За сите први места на ниво на одделение, училиштето ќе изготви пофалници, а за 1-во, 2-ро и 3-то место ќе следат скромни подароци.