Велигденско литературно читање

На 16.04.2020 година, по повод  празникот Велигден, се одржа тематско литературно читање за  учениците од трето одделение со писателката Ксенија Маказлиева, под менторство на одделенските раководители Елена Антонова, Милена Љубовски и библиотекарот Вера Стојаноска. 

Литературната средба се оствари online со користење на платформата Zoom. На литературното читање, писателката ги анимираше учениците со читање раскази, поезија и претставување драмски игри. 

Децата се претставија со свои лични творби. Писателката воедно прикажа презентација за детското списание ,,Другарче" од првиот број до денес.