MK
EN
Меѓународна студија за однесувањата поврзани со здравјето
Во име на децата и Меѓународниот ден на детето, уште една онлајн активност на нашите ученици. Нашето училиште од минатата недела е дел од Меѓународна студија за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст од 11,13 и 15 години од 45 земји. Со ова се поставува иницијалната состојба во однос на која идните студии ќе можат да го мерат влијанието на КОВИД - 19 врз животот на младите. Новите истражувања ќе помогнат да се изведат заклучоци за влијанието на КОВИД - 19 врз здравјето и социјалните односи, како и врз менталната состојба на адолесцентите во многу земји меѓу кои е и нашата. Новонастанатата општествена ситуација доведува до зголемен број на адолесценти со нарушено ментално здравје - тага, нервоза, раздразливост, кое не загрижува сите нас. Со помош на ова истражување се обидуваме полесно да допреме до децата каде ќе се изнајдат позитивни ставови за надминување на нивните проблеми и потреби во оваа новонастаната општествена ситуација. Од нашето училиште ООУ "Кирил и Методиј " - Стајковци, Скопје вклучени се 15 ученици од кои седум ученици се од VI одделение и осум ученици од VIII одделение под менторство на предметниот наставник Габриела Јорданов. |