ТВ-Училница (04.06.2020)

Секој четврток на ТВ-Училница, директорката на ООУ „Кирил и Методиј“ реализираше часови по граѓанско образование за учениците од VIII и IX одделение. На денешниот, а воедно и последен час по граѓанско образование, учениците имаа можност преку годишен тест да ги проверат стекнатите знаења.

Благодарност до нашата директорка, наставниците, учениците, стручната служба и сите вработени кои придонесоа за успешно завршување на оваа учебна година, преку активно учество, одговорност, посветеност, часови на ТВ училница / TV Klasa, видеа за платформата Едуино, онлајн-часови и подготовка на интересни материјали за нашата платформа за учење од дома и голем број воннаставни активности кои ја истакнаа креативноста, иновативноста, сплотеноста, заложбата, на нашата институција и успешното фунционирање на триаголникот наставник-ученик-родител.