Ден на учителот

Одржувањето на достоинството на професијата УЧИТЕЛ во услови на пандемија е од суштинска важност за општеството. „Добриот наставник е како свеќа - се троши самиот себе за да го осветли патот на другите.“ За првпат во ООУ„Кирил и Методиј“ воведуваме малку поразлично одбележување на Меѓународниот ден на учителот со доделување дипломи, награди и признанија за истакнат наставник за 2020 година, која беше полна со бури и премрежја за нашата професија. Честитки за целиот колектив, кој успешно се справува со сите предизвици во воспитно образовниот процес, а особено до оние кои ги одбра Комисијата формирана од директорот. Наставник на годината во ООУ „Кирил и Методиј“ е Елена Блажевска за несебичното залагање во организација и реализација на воспитно образовниот процес на далечина. Комисијата прогласи и истакнати просветни работници: Фатон Ганиу, Јасмина Јездиќ, Александра Накева и Елена Темелкоска. И за бескрајна посветеност на работните обврски, колективот додели плакета на директорот на училиштето.